Цеца Ражнатовиќ денеска се појави на снимањето на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ во сосема ново издание. Популарната пејачка ја промени бојата на косата и на почетокот многумина не ја препознаа.
Ражнатовиќ го освежи својот изглед со посветли тонови, а според мислењето на многумина, оваа фризура одлично ѝ прилега.
Оваа недела пејачката одлучи да облече светкаво кратко фустанче, кое го усогласи со високи розови чизми и чанта во иста боја.
Видно расположена, таа ги поздрави насобраните медиуми и со насмевка на лицето влезе во студиото на „Гранд“.