(ФОТО) Билбилов и Лејла со заеднички фотографии потврдија дека се во љубовна врска

Честите заеднички фотографии на социјалните мрежи беа најава дека меѓу пејачот и композитор Роберт Билбилов и јога инструкторката Лејла Рамковска, можеби има нешто повеќе од пријателство.

Заедно во кафеана, таа во неговото музичко студио, а пак тој решен да вежба јога…

Сепак, дека Роберт и најмалата ќерка на Велија Рамковски се во врска, за пошироката јавност беше оставено само на можеби.
Убавата Лејла реши дека нема што да се крие кога љубовта меѓу нив се гледа од авион, убаво им е, па оттука најдобро е да не се „везат“ разно разни приказни, туку да се знае како стојат нештата меѓу нив.

„Да, вистина е дека сме заедно. Среќни сме и убаво ни е. Но, не би правеле фама околу нашата врска. Важно е дека нас ни е убаво“, ни рече Лејла во изјава за Репортер.
364192787_319290120751294_846836496963075172_n-549x960

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e