Младата и атрактивна пејачка Антониа Гиговска и нејзиното момче Иван Јованов го поминуваат летото на плажите во Грција.
Парот редовно објавува фотографии од нивните работни, но и приватни моменти.
Овој пат тие споделија фотографија на која играат карти на плажа, а она на што сите им беше интересно е тоа дека Иван ги носи шеширот и очилата за сонце на својата девојка.
Инаку, Антониа и Иван се во врска неколку месеци. Тие на почетокот криеја дека се гледаат, ама откако јавноста дозна дека се заедно, постојано споделуваат заеднички слики на социјалните мрежи и си оставаат љубовни пораки на фотографиите.
Да потсетиме годинава Антониа имаше успешна сезонна во музичкото шоу „Пинкови звездички“