Анџелина Џоли направила впечатливи портрети за „National Geographic“, во духот на Светскиот ден на пчелите.
Со ваквиот потег, убавата актерка го свртела вниманието кон итната потреба од заштита на пчелите, како и кон програмот „UNESCO-Guerlain“ кој ги обучува жените за пчеларки и заштитнички на живеалиштата на пчели ширум светот.
Анџелина била мотивирана од повеќе работи: пчелите како незаменлив столб на нашето снабдување со храна кои се загрозени од паразити, пестициди, загуба на живеалиштата и климатските промени, како и глобалната мрежа на жени кои ќе бидат обучени да ги штитат овие клучни инсекти-опрашувачи.
45-годишната Американка неодамна беше именувана и како „кума“ на проектот „Жени за пчели“. Станува збор за 5-годишен програм покренат од страна на „UNESCO“, „Обединети Нации“ и француската козметичка куќа „Guerlain“.