(ФОТО) Алекс Родригез ослабе за само неколку недели, откако ја раскина свршувачката со Џенифер Лопез

Пред неколку недели Џенифер Лопез и Алекс Родригез објавија дека ја раскинуваат свршувачката по две години и дека решија да останат пријатели.

– Со нетрпение очекуваме да можеме да останеме пријатели и да продолжиме да се поддржуваме едни со други – рекоа тие.

Иако пред неколку дена беа видени на заедничка вечера во луксузниот хотел „Бел Ер“ во Лос Анџелес, се чини дека пензионираниот бејзбол играч се фокусира на други работи, а не на поранешната свршеница.

Тој објави слика со „пред и потоа“ на Инстаграм, која споредува како изгледал во декември 2020 година и како изгледа денес, во април 2021 година.


View this post on Instagram

A post shared by Alex Rodriguez (@arod)

„Го оставив телото на мојот стар татко во 2020 година“, напиша тој.

Неколку дена пред тоа, тој се пофали со мускулите на фотографијата што потврдува дека ја примил втората доза на вакцина против КОВИД-19. Неговите обожаватели во коментарите веќе забележаа дека Алекс изгледа добро.

„Тој трицепс скоро ја скрши иглата“, напиша еден обожавател.

Во својата објава каде се фали со резултатите од слабеењето, тој не откри колку килограми изгубил, но напишал дека планира и годинава да ги остварува своите фитнес цели.

Покрај вежбањето, поранешниот спортист го користи слободното време да се дружи со своите ќерки Наташа (16) и Ела (13).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e