За првпат во јавноста познатата пејачка- Аделина Тахири го покажа својот син Јон. Облечена во бел фустан со голо дете во раце објави фотографија на социјалните мрежи, а нејзините обожаватели коментираа дека наликува на „божица“.
Таа неодамна се породи и ова е прво дете на Аделина која е во брак со адвокатот Серјожа Марков.
Аделина неодамна раскажа дека идејата за името на бебето, кое е библиско, била заедничка, нејзина и на нејзиниот сопруг, а изјави и дека таа нема проблем што се во мешан брак.