Фил Колинс се враќа на сцената

Мислев дека ќе се повлечам тивко, но благодарение на фановите и на поддршката од семејството и музичарите, повторно ја открив страста за музиката и настапи “, вели Англичанецот.

Британскиот пејач Фил Колинс одлучи да ги прекине пензионерските денови и да се врати на сцената. Во јуни 2017 година, ќе ја започна европската турнеја, која ја нарече “Not Dead Yet Live”, а концерти ќе одржи во Лондон, Париз и Келн.

Колинс се повлече од музичкиот свет во 2011 година поради здравствени причини.

“Мислам дека само ќе пеам, бидејќи нема да можам да свирам на тапани како некогаш. Но мојот син Николас, кој има 15 години, ќе биде на сцената. Тој е веќе голем тапанар “, изјави Колинс за новата турнеја.

phil_collins_live

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e