Еве што се крие во позадина за нападот на куќата на Цеца Ражњатовиќ!

Криминалците сеуште се бараат, а според сознанијата на полицијата, тие побегнале од земјата и највероватно се кријат во Косово!

-Напаѓачите веднаш го напуштија Белград. Според оперативните сознанија, се упатиле кон југот на Србија и се скриле во Косово, каде имаат добра потпора и сигурност- кажува близок извор од истрагата.

-Снимките значајно им ја олесниле работата на полицијата. На влезните врати и околните стубови останале траги од фарба на автомобил кога се удрил во вилата, а исто така, евидентни се и оштетувања на возило додека била нападната резиденцијата на Ражњатовиќ.- додава изворот.

Кога со автомобилите удриле во ќуката, Цеца најпрво помислила дека некој провалува. Нејзиното обезбедување веднаш реагирало, но возачите на автомобилот веќе побенале низ улицата. Веднаш на лице место дошла полиција, која направила увид на местото и земала снимки од безбедносните камери од пејачката.
Окако полицијата ги идентификувала напаѓачите кои биле во автомобил мини купер и караван распишана е потрага за нив. Еден од идентификуваните мажи е навивач на Н.А, кој на јавноста им е познат од јануари мината година, кога Никола Вавиќ, брат на лидерот на навивачката група “Алкатраз” Александар Вавиќ, е погоден со пиштол пред клубот Теразијам. Н.А е од порано познат на полицијата поради бројни инциденти, а кривично досие има од 14 години.

Цеца Ражњатовиќ откако се идентификувани напаѓачите кажала дека не ги познава, но дека едвај чека да бидат приведени.

Извор: 1ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e