Откако почнаа да кружат разголени фотографии од Северина на Интернет, нејзиниот сопруг Игор и дал поддршка преку својот профил на Инстаграм.
Тој на социјалните мрежи објавил видео на кое тој и неговата сопруга си играат со малиот Александар, синот на Северина од врската со Милан Поповиќ.
„Драги мои, гледајте времето со вашите најмили да го минувате во среќа, баш како на овие фотографии на кои монтажата и останатите техники не им можат ништо“, напишал Којиќ и го додал хаштагот #prayformilanbrain.