Од струен удар загина доајенот на Драмски театар и македонското глумиште, Ванчо Петрушевски во скопското село Орешани.
Според информациите кои ги добивме трагичниот настан се случил во попладневните часови, а на лице место биле повикани и медицинските служби на Брза Помош, како и служебни лица од МВР.
Оваа информација ја потвди и директорот на Драмски театар, Сашо Тасевски, кој напиша статус на неговиот приватен профил.
Актерот Ванчо Петрушевски ќе остане запаметен како еден од најталентираните дејци во македонската глума, а особено ќе се сеќаваме по неговата улога на Рамче во Македонските народни приказни.
Инаку Петрушевски учествувал во голем број радио-драмсики проекти, телевизиски драми, серии и слично. Во 2016 година освои Државна награда 11 Октомври за остварување во областа на уметноста и културата.