Веќе неколку години, славниот пејач Енрике Иглесијас, кој ги освојува срцата на жените и девојките низ светот, е горд татко на близнаци – Николас и Луси. Тој и неговата поубава половина, поранешната тенисерка Ана Курникова, уживаат во семејниот живот со прекрасните близнаци. Русокосите дечиња често се појавуваат на фотографии на профилот на таткото, а пред неколку месеци Енрике ги разнежи обожавателите кога објави видео од неговиот син како гуга додека се на јахта. Момчето е видливо импресионирано од патувањето во еден момент почнува да пее.
Додека Ана пак го сними видеото во кое малата Луси танцува и пее со татко ѝ. Но најновото видео е многу интересно бидејќи на него се гледа како Енрике си игра и ги засмејува близнаците. Енрике Иглезијас и Ана Курникова станаа родители во декември 2017 година, а еден месец подоцна, за прв пат ги покажаа своите близнаци Никола и Луси.