Една од најубавите жени на светот се разведува поради неверство

Една од најубавите манекенка на светот, Емили Ратајковски, наводно се разведува од својот сопруг Себастијан Бер-Маклард, пренесува „Page Six“.

Според пишувањето на споменатиот портал, Емили иницирала развод поради тоа што Себастијан наводно ја изневерил.

„Да, ја изневери. Тој е неверник. Одвратно“, изјавил изворот.

Емили сè уште не ги поднела документите за развод, а во јавноста била забележана без вереничкиот прстен.

Да ве потсетиме, Емили и Себастијан се венчаа во 2018 година, а во бракот го добија синот Силвестер.

Емили инаку се породи пред повеќе од една години, а својата извајана фигура на тело ја вратила во рекордно време.

Имено, таа само 12 дена по породувањето минатата година во март, објави сексапилна фотографија во пижами на која се гледа дека има целосно рамен стомак, по што многумина ги започнале теориите дека манекенката не била бремена воопшто.

Таа се породи на 8 март и на свет го донесе синот на којшто таа и нејзиниот сопруг Себастијан му го дадоа името Силвестер Аполо.

„Силвестер Аполо Блер дојде на нашата планета. Тоа се случи на 8 март 2021 година во најнереалното и најубавото утро во мојот живот“, напиша тогаш Емили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e