Ѕвезда со најголема заработувачка за 2016 година е …

Без разлика дали се работи за живи или за ѕвезди кои заработуваат по смртта, на кралот на попот му нема конкуренција!
Мајкл Џексон во 2016 година заработил неверојатни 825 милиони долари, објави магазинот Форбс. Со ова тој стигна на врвот на листата на починати славни личности, кои добро заработија оваа година.

Но не е само тоа – Џексон по своите приходи ги надмина сите други живи ѕвезди, оставајќи ги далеку зад себе на листата на Форбс.

Интересно е тоа што од 2009 година, кога почина, Мајкл редовно е на врвот на листата, со исклучок на 2012 година, кога за првпат беше неговата добра пријателка, Елизабет Тејлор.

Ако сакате да знаете од каде му се на Џексон (поточно на неговите потомци) толку многу пари, еве го решението на оваа мистерија.

Всушност, оваа година е продаден неговиот удел во сопственоста на издавачкиот каталог Sony / ATV, во кој посебно место завземаат албумите на легендарните Битлси. Цена – само 750 милиони!

Само за споредба, на второто место на Форбс е Чарлс Шулц М, автор на легендарниот анимиран херој „Peanuts“, кој во изминатите 12 месеци, заработил 48 милиони долари.

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e