Џенифер Лопез: „Мажите се бескорисни до својата 33-та година“

Џенифер Лопез е уверена дека мажите се бескорисни додека не наполнат 33 години.

Имајќи предвид со колку мажи била досега во врска и во брак, меѓу кои Пи Диди, Бен Афлек и Марк Ентони, Џенифер смета дека знае нешто повеќе околу критериумот за избор на совршениот маж.

Имено, таа се согласи да учествува во серијалот Swipe Sessions кој беше креиран од Тиндер, а во истиот серијал и помагала на девојка по име Брук, да најде добро момче.

Покрај тоа што ја советувала да го „откачи“ момчето што на својот профил напишал дека не може да биде со жена која чува кечап во фрижидерот, Џенифер се изјаснила и дека не мисли дека вреди жените да се „плеткаат“ со мажи помлади од 33 годишна возраст.

Докторката од Њујорк, Џејн Грир, која ја напишала книгата „ Што со мене? Не дозволувајте себичноста да ви ја уништи врската“ донекаде се согласува со Џенифер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e