Легендарниот актер и шоумен Игор Џамбазов и нашата врвна алпинистка Илина Арсова не се повеќе заедно.
Сега дефинитивно е крај за емотивната врска која последниве години беше под будното око на јавноста. Игор во интервју за „Беркстејџ“ зборува за крајот на нивната љубов и вели дека виновник едноставно не постои.
Илина Арсова и Игор Џамбазов одамна важат за еден од најпопуларните парови кај нас. Постојано споделуваа дел од заедничките мигови на социјалните мрежи.
За роденденот таа од Игор добила куфер за патување, па откако го добила, го спакувала и заминала.