Концертот на пејачката Јелена Томашевиќ во Бар беше прекинат викендов откако уметницата ненадејно се онесвестила на сцената во Културниот центар.
По настанот, Општина Бар ја информираше јавноста за здравствената состојба на пејачката, откако ѝ беше укажана итна медицинска помош.
Во соопштението што го објави Општина Бар се наведува:
„Општина Бар ја известува јавноста дека пејачката Јелена Томашевиќ, чиј концерт беше прекинат поради здравствени проблеми, по укажаната медицинска помош се чувствува добро.
За време на настапот, на уметницата ѝ се слоши на сцената, по што медицинскиот тим веднаш реагираше и ѝ ја пружи потребната помош. Според информациите од нејзиниот тим, нејзината здравствена состојба во моментов е стабилна.
Им благодариме на екипите на Итната медицинска помош во Бар за нивната брза и професионална интервенција, како и на лекарите кои се наоѓаа меѓу публиката и веднаш ѝ притрчаа на помош. Посебна благодарност упатуваме и до публиката за покажаното разбирање и смиреност.“
