Драгољуб Беквалац сведочи: Лука е измамник, со боксови ја удараше Наташа

Таткото на Наташа Беквалац, во синоќешното гостување во емисијата “Да, можеби не” на РТС  зборува за се што доживеа неговата ќерка.

Темата на шоуто, предводена од Оливера Ковачевиќ, е насилството во Србија! Имајќи предвид дека има многу случаи на семејно насилство што се пријавени, таткото на Наташа, Драгољуб Беквалац, одлучи да зборува за сè! Тој го дал своето мислење за својот зет Лука Лакукиќ, кој предхоно изјави дека Наташа сама на себе си нанесувала повреди и дека не е така како што се претставува во јавноста.

– За среќа, има толку многу километри од Нови Сад до Белград. Пред само 10 години прочитав што реков за Наташа, за неа би убил, сега велам: Јас би умрел за Наташа. Лука е измамник, човек кој својата егзистенција ја решава искористувајки ги заљубените жени. Мојот зет е лош човек, неговата цел беше материјално да ја уништи Наташа и да присвои сè, а ќерка ми беше вљубена и мојата приказна за жал не можеше да допре до неа “, рече Драгољуб на самиот почеток до емисијата. Преку солзи, тој опиша што преживеала неговата ќерка.

Беквалац вели и дека на денот на инцидентот Наташа го нашла Лука “мртов пијан” како лежи на земја по што Наташа во неговиот телефон успеала да најде романтични пораки кои тој ги испраќал на други жени. Наташа се обидела,да го пробуди за да ги разјаснат овие работи и откако се разбудил, Лука, почнал да ја навредува со погрдни зборови и да ја удира по лицето.

Наташа, потоа, случајот го пријавила во полиција за да даде пример на сите жени дека не треба да молчат кога е во прашање семејното насилство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e