Деми Мур наскоро ќе стане баба

Деми Мур ќе биде баба! Румер Вилис, ќерка на актерката од „Дух“, „Ангелите на Чарли“ и други филмски хитови, го чека своето прво дете со момчето Дерек Ричард Томас.

Румер, која е најстарата ќерка на Деми и поранешниот сопруг Брус Вилис, ја откри својата бременост во вторникот, споделувајќи неколку фотографии.

Веднаш преземајќи ја улогата на горда баба, Мур ја сподели нивната објава на сопствениот „Инстаграм“.

деми-мур

„Влегувам во ерата на згодна, луда баба“, напиша Мур (60) покрај фотографиите на парот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e