Делола – Џеј Ло го промовираше својот личен бренд на алкохол

Џенифер Лопез го најави лансирањето на нејзиниот бренд на алкохолни пијалоци, но набрзо се соочи со реакции од следбениците.

Имено, пејачката и актерка многупати зборувала за тоа дека воопшто не пие.

– Сѐ повеќе ја разбирам важноста да се ужива во животот. Сакав да создадам нешто подобро – нешто со подобар вкус, подобри состојки, нешто што би сакала да го пијам со моите пријатели и семејството, а тоа е Делола, изјави Лопез во видеото на Инстаграм во кое го промовира нејзиниот пијалок.

Само неколку минути откако го сподели видеото со своите 240 милиони следбеници, разочараните обожаватели почнаа масовно да го критикуваат нејзиниот потег.

„Леле, ова е разочарувачки“, „Зошто не создаде бренд на безалкохолни пијалоци со оглед на тоа што отворено зборуваше за негативните ефекти на алкохолот и не пиеш?“, „Таа само сака да заработи пари“, напишаа критичарите.

На една следбеничка не ѝ било јасно зошто решила да го започне брендот со оглед на фактот дека нејзиниот сопруг Бен Афлек неколку пати бил на рехабилитација поради зависност од алкохол.

– Секако дека е бизнис и се работи за пари, но изгледа лажно да се промовира алкохолен пијалок кога таа самата кажува колку е лошо за нејзината кожа и нејзиниот начин на живот воопшто, а да не зборуваме за проблемите на Бен со алкохолот“, се пожали тој.

Лопез откри дека на овој проект работела две години и дека Лола е всушност нејзиниот долгогодишен прекар кој ја покажува нејзината побезгрижна страна, се вели во соопштението за медиумите.

Пејачката го основаше брендот со ветераните од индустријата за пијалоци Кен Остин и Џена Фањан и нејзиниот менаџер Бени Медина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e