Жељко Митровиќ, генерален директор и сопственик на Пинк Медиа Груп, преку својот официјален профил на Инстаграм објави дека по препорака на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, донел одлука за дефинитивно укинување на реалното шоу „Задруга“.
-По препорака на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, донесов одлука да ја откажам реалити програмата „Задруга“ во најкус можен рок, не подолго од десетина дена. Верувам дека единството на Србија и проценката на претседателот на Републиката се поважни од секаков вид на интерес на Пинк и мојот личен интерес, објави сопственикот на Пинк Медиа Груп на својот Инстаграм профил.