Дарко викал на сет глас: „Доведете ја ќерка ми, поради неа морам да преживеам!“

Српскиот пејач Дарко Лазиќ по долгата и напорна операција на ногата во средата доживеа емотивен слом, пренесува српски Курир. Тој по будењето од анестезијата почнал да вика колку го држи гласот да му ја доведат ќеркичката Лорена за да ја гушне и бакне. Викањето било толку силно што лекарите морале да реагираат со тоа што ќе му дадат лек за смирување.

По две седмици поминати во болницата во Земун медицинскиот тим донел одлука дека Дарко е подготвен за најкритичниот зафат – операцијата на ногата со вградување на вештачки колк како и клин на бутната коска. Интервенцијата траела цели 6 часа и била многу комплицирана – исто како и ситуацијата на пејачот кога се разбудил по операцијата. Веднаш штом отворил очи почнал да ја довикува Лорена.

„Дарко навистина тешко го поднесува сево ова психички. Често халуцинира, го споменува своето семејство, ја вика својата вереница Марина и ќерката Лорена. До сега не сме виделе вакво нешто. Најпрвин ја молеше медицинската сестра со видео порака да воспостави контакт со ќерката за да ја види, а кога сестрата одговорила дека тоа не е можно тој почнал да вика и лелека. Плачел и вриштел колку го држи глас. Беше ужасно и морничаво, не знам од каде ја најде силата по целата операција. Сите пациенти на интензивна имаа можност да го чујат. Никогаш немам чуено таков звук.“ – раскажува извор од болницата за српски Курир.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e