Дарко Лазиќ ќе добие вештачки колк

Ѕвездата на Гранд, Дарко Лазиќ утрово бил однесен во операциска сала, а после четири часа бил завршен првиот дел од операцијата. Во моментов тој добивал вештачки колк, рекол извор за српски „Курир“.

Во ходникот на болницата го чекале родителите на пејачот и неговата свршеница Марина.

– Сигурна сум дека ќе биде добро. Тука сме и чекаме да заврши операцијата – изјавила Марина.

Лазиќ на 23 октомври со возило „бмв“, изгубил контрола, слетал од патот и се превртел на кров. Возел со брзина поголема од 150 километри на час и имал 1,39 промили алкохол во крвта.

ФОТО: Дамир Дервишагиќ, српски „Курир“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e