Дарко Лазиќ хоспитализиран поради крварење

Фолкерот Дарко Лазиќ направи операција за затегнување на кожата поради губењето голем број килограми, а сега повторно заврши во болница. Пејачот добил инструкции од лекарите да мирува за да избегне компликации, но не се придржувал до нив и настанало крварење, така што морал повторно да оди во болница.

Тој се вклучи во живо на својот инстаграм-профил додека лежеше во болнички кревет, придружуван од сопругата Катарина.

Дарко во еден момент офкаше од болка и откри што се случило, а многумина забележаа колку е блед и исцрпен.

Морам да бидам тука додека престане крварењето. Не можам да станам. Ќе бидам добро, се надевам, сè ќе биде добро. Бев малку немирен, лекарите направија сè добро – вели Дарко, а во еден момент офна од болка додека се смееше.

Дарко беше придружуван од сопругата Каќа, која ги коментираше негативните коментари кои му беа напишани во преносот во живо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e