Победникот на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“, Дарко Лазиќ во изминатите години помина низ бурен и емотивно тежок период.
По тешката сообраќајна несреќа со денови беше во кома и се бореше за живот, а после тоа доживеа уште една трагедија, односно го загуби татко му Милан.
Таткото на Дарко почина по операција за смалување на желудникот и никогаш не се разбуди по анестезијата.
Младиот пејач признава дека загубата тешко ја поднел и дека тоа бил најтешкиот удар за него…
Лазиќ во една емисија се потсетил на советот од неговиот татко Милан, а признал дека токму тој го внел во оваа работа.
„Јас како дете на свои 10 години влегов во кафеана. Мојот татко беше музичар, хармоникаш, се сеќавам кога ми кажа: „какво школо, кафана бре“ – започнал да кажува Дарко и продолжил:
„Се сеќавам кога почнав да пеам, бевме една вечер во кафеана и јас му се обраќам со тато, а тој ми вели: „не сум ти јас татко, јас сум ти колега тука“. Од тој момент имавме неверојатен однос како да сме другари.
Дарко признал дека му било тешко кога го загубил, но истакал дека никого не обвинува за неговата смрт.
„Многу ми беше тешко кога го изгубив, бидејќи го изгубив на глуп начин. Тој замина да се оперира, за жал нешто се случило, не знам дали е анестезилогот или нешто друго, не можам никого да обвинам, него го нема. Направена е таа грешка и тој не се разбудл од анестезијата, за жал“ – рекол пејачот за „Гранд“.