Дарко Лазиќ денеска е разбуден од вештачката кома, во која беше 6 дена, откако минатата недела доживеа тешка сообраќајна несреќа во Брестаќ, а лекарите открија нови детали.
Докторите одлучиле да не му даваат лек за смирување и заспивање, додека шансите за закрепнување сега се нешто поголеми. Тој сега може да комуницира со докторите. Не е во можност да зборува, но дава знаци одговарајќи на прашања.
Од моментот на приeмот во болница, Лазиќ беше во вештачка кома. Лекарите опткриле дека има подлив во главата, повреда на јаболчниците, десет скршени ребра, скршеница на коската на ногата, како и на карлицата.
-За да постои можност за закрепнување мора да биде мирен, што се постигнува со лекови. Му ја одзема свеста, мускулите се релаксираат со лекови против болки и така се додека организмот не закрепне. Потоа полека почнуваат да се исклучуваат лековите. Се враќа свеста и можноста за движење – навеле лекарите објаснувајќи ја ситуацијата на Лазиќ.
-Со оглед на повредата на белите дробови, останува да дише со помош на машина – додале докторите.