Пејачката Дара Бубамара во повеќе наврати јавно истакна дека нејзиниот син оди во приватно училиште каде што учат деца на успешни родители, политичари и спортисти.
Нејзиниот син оди во најпрестижното приватно основно училиште во Нови Сад, каде годишната школарина е 5000 евра.
Дека станува збор за многу луксузно училиште говори и фактот што тоа поседува терени за тенис, кошарка и фудбал. Покрај тоа, има и спортска сала за физички активности, специјална кујна, училници со најнова опрема, како и приватен лекар во рамките на училиштето.
Во цената од неверојатни 5.000 евра вклучена е и целодневна настава од 8 до 16 часот, каде постои можност наставниците да учат заедно со учениците по завршување на часовите.
Во тие пари вклучени се и појадок, овошна ужина, ручек, слатка ужина. Училиштето има четири менија кои се прилагодени за деца, а на едното од нив за ручек има руско национално јадење „Боршч“ и овошен сок.
Во рамките на училиштето, постои можност за превоз со мини комбиња, кои ги превезуваат учениците од дома до училиште и обратно.