Манекенката Хајди Клум позира топлес и црна танга додека во рака држи само бела роза. Русокосата Германка откри дека ужива во Франција, каде што пристигна на 76. Кански филмски фестивал, кој заврши во саботата.
На црвениот тепих бившиот супермодел се појави во жолт фустан од кој и испаднаа градите. Следниот ден таа се појави со шеснаесет години помладиот сопруг, музичарот Том Каулиц (33), на хуманитарниот гала настан „amfAR“ против СИДА.
Поранешниот супермодел е позната по разголените фотографии на социјалните мрежи.