Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ еднаш откри дека таа и нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан чекале дете уште пред нивната венчавка, но за жал, дошло до спонтан абортус.
Го загубив бебето во третиот месец од бременоста – откри Цеца Ражнатовиќ по 27-годишното молчење.
Пејачката имала спонтан абортус месец и половина пред да се омажи соАркан на 19 февруари 1995 година. Сите детали од овој трагичен настан фолк-ѕвездата првпат ги раскажа во документарно-играната серија „Цеца-шоу“ на телевизија Блиц.
Јас и Жељко чекавме бебе пред да се венчаме. Свадбата ја закажавме во февруари и јас забременив. Во меѓувреме, за жал, го изгубив моето бебе – изјави Цеца во емисијата.
И покрај големата загуба, пејачката и нејзиниот покоен сопруг одлучија да ги продолжат подготовките за венчавката:
Се договоривме да не го поместиме датумот на венчавката, па судбоносното „да“ го изговоривме кога планиравме – на 19 февруари 1995 година.
По венчавката, пејачката повторно останала во блажена состојба со инвитро-оплодување.
Јас и Жељко сè уште сакавме деца, но не можев да забременам. Затоа отидов во болницата „Народен фронт“ на инвитро-оплодување. Мојот покоен сопруг ме поддржа и учествуваше со мене во комплетниот процес, иако беше очигледно дека тој нема проблем, бидејќи веќе имаше седум деца – изјави Цеца, која во декември 1996 година го роди синот Вељко.
Година и пол подоцна, пејачката ја роди ќерката Анастасија.