Снаата на Цеца Ражнатовиќ, Богдана Родиќ е во третиот месец од втората бременост и за шест месци на свет ќе го донесе својот втор син, кого таа и Вељко планираат да го крстат Крстан Ражнатовиќ.
По повод второто внуче, кое е на пат, се огласи и популарната пејачка, која изјави:
-Само да се множиме, а потоа откри какви родители му се синот и снаата на внукот Жељко.
-Вељко е праведен. Ова го кажувам од родителска гледна точка. Ја поддржувам тезата дека детето едноставно мора да се води. Не можете да разговарате со двегодишно дете на ист начин како што можете со девет или дванаесетгодишно дете. Состојбата на свеста и зрелоста на детето се сосема поинакви. Треба да му објасниш се’ на детето, од тоа дека не смее да ја стави раката во штекер или да трча по скали… Мислам дека Вељко и Богдана имаат апсолутно здрав пристап кога станува збор за воспитувањето на детето – истакнува фолк-ѕвездата.