Бред Пит ја тужи својата поранешна сопруга Анџелина Џоли, обвинувајќи ја дека незаконски го продала нејзиниот дел од нивниот француски имот Шато Миравал, пишува „Сикс“. Пит тврди дека двајцата се договориле ниту еден од нив да не го продаде својот дел од имотот, во кој се венчале во 2014 година, без согласност на другата страна.
Холивудскиот актер во тужбата тврди дека, иако лозјето во замокот станало „неговата страст“, Џоли дрско го продала нејзиниот дел на рускиот бизнисмен Јури Шефлер, без негова дозвола.
Во тужбата, поднесена во Високиот суд во Лос Анџелес, се вели:
„Џоли го продала својот дел од имотот без знаење на Пит, ускратувајќи му го правото на нејзиниот поранешен сопруг прв да го купи. Таа го продала својот дел иако знаела дека рускиот бизнисмен ќе се обиде да го контролира неговиот дел од имотот и бизнисот на кој Пит се посветил и на тој начин ја поткопала понатамошната инвестиција на Бред во имотот Миравал“.
Љубовта кон грозјето и виното Пит ја претворил во мултимилионски бизнис.
И додека нивниот бурен развод конечно заврши, двојката сè уште се тужи околу старателството над децата и нивниот заеднички имот.