Холивудскиот пар Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс го добија четвртото дете. Актерката тоа го објави синоќа на Инстаграм на многу необичен и интересен начин.
Актерката објави фотографија на која е со сопругот Рајан Рејнолдс (46) и неговата мајка Тами. Таа откри и какви специјалитети се приготвувале во нејзиниот дом за Суперболот, а прекрасната вест одлучила да ја сподели со јавноста на денот на финалето на националниот шампионат во американски фудбал.
Блејк и Рајан се во брак од 2012 година и имаат три ќерки, Бети (3), Инез (6) и Џејмс (8).