Бијонсе и Соланж Ноулс се тестирале дали се носители на мутираниот BRC2 ген, откако дознале дека нивниот татко Метју има рак на градата. Поранешниот менаџер на Дестинис Чајлд зборуваше за својата болест во интервју на утринската програма „Добро утро Америка“ во средата, со цел одбележување на Месецот за борба против рак на дојка. Тој откри дека откако ја дознал дијагнозата веднаш им се јавил на блиските, бидејќи знаел дека е можно неговите деца да се носители на критичниот ген.
– Прво им се јавив на сите од моето најблиско семејство, бидејќи децата, дури и моите внуци се под голем ризик да се носители на генот. И тие заминаа да се тестираат – објасни тој но не ги откри резулатите од тестот.
Метју е татко на четири деца – Бијонсе и Соланж со поранешната сопруга Тина и две малолетни деца кои ги има во бракот со Џина Ејвори, со која се венчаше во 2013 година. Тој додаде дека откако му била кажана дијагнозата за рак на градата, бил предупреден од докторот дека е можно да боледува или во иднина да му се појави и рак на простата, панкреас или меланома, било кога подоцна во животот, бидејќи истиот ген ги предизвикува и овие болести.
Засега музичкиот могул се чувствува добро, по извршената операција во јули и редовно оди на контроли.