Бегал од обврски: Дарко Лазиќ шест месеци не платил алиментација за ќерката Лорена

Додека пејачот водеше удобен живот, тој не се грижеше дека неговата ќерка не ги добива парите што вети дека ќе ги исплати.

Фолк пејачот Дарко Лазиќ успешно се опоравува, а наскоро ќе биде префрлен во еден од болничките апартмани каде ќе се продолжи со лекувањето. За тоа време, неговите родители водат медиумска борба против неговата се уште законска жена Ана Севиќ, тврдејќи дека таа не им дозволила да ја видат својата внука Лорена. Но, според изјавите што ги дадоа во последно време, многумина коментираат дека сакаат да ја дискредитираат поранешната снајка.

Имено, Бранка Лазиќ, мајката на Дарко, пред неколку недели за локалните медиуми изјави дека се гледа со внуката Лорена, додека само неколку дена потоа, таткото на Дарко, Милан Лазиќ изјави дека внуката не ја виделе, бидејќи Ана не го дозволува тоа. Сепак, вистината е сосема поинаква од тоа како кажува изворот за „Ало!“. Од друга страна, членовите на семејството Лазиќ сега се фокусираат на новата снајка Марина Гагиќ, која е во третиот месец од бременоста и носи дете на Дарко.

„Ана не сака да се огласува по медиумите, бидејќи сè што имаше да каже, рече во шоуто на Огњен Амиџиќ. Од друга страна, пак, тешко го поднесува моментот што зборуваат родителите на Дарко во медиумите затоа што мисли дека не го заслужува тоа и дека секогаш била добра со нив“, вели изворот, и открива дека Дарко Лазиќ шест месеци не дал пари за Лорена.

„Дарко, и Ана се согласија секој да оди по својот пат, бидејќи видоа дека не им оди. Сепак, она што тогаш таа го побара од него беше да се грижи за Лорена. Тој вети дека секој месец ќе даде одредена сума, додека официјално не се разведат, а потоа да плаќа алиментација, за што сумата ќе ја договорат на суд. Меѓутоа, тоа не се случи. Знаеше и да не се јави и по неколку дена и да не праша за своето дете. Живееше младалечки живот и не се грижеше за потребите на малолетната Лорена“, открива изворот за српскиот магазин „Ало!“.

Од друга страна, самата Ана Севиќ се бореше за подобра иднина на нивното заедничко дете, а кога и да му јавеше на Дарко и да праша за пари, тој секогаш имал подготвени одговори.

„Тој велеше дека ќе дојде за еден ден или два или три и да донесе пари за Лорена. Сепак, тоа не се случи речиси шест месеци. Сметки за станот во кој живееле заедно само се собираа и Ана мораше да позајмува пари за да ги реши сметките“, открива изворот за „Ало!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e