Момчило Бајагиќ Бајага е присутен на музичката сцена со децении, а за сето тоа време медиумите и јавноста можеа само малку да дознаат за неговиот приватен живот, односно само она што сакаше да биде познато.
Веста дека славниот музичар се разведува од сега веќе поранешната сопруга Емилија по 33 години брак ги изненади сите, а Бајага за прв пат излезе во јавноста и отворено проговори за својата животна ситуација, која во никој случај не е безболна.
– Иако не сум приврзаник на јавното мислење и тоа дека низ жолтиот печат протекуваат работи од приватниот живот… иако веројатно сите веќе знаете… Па да објавам. Официјално разведен! – откри тогаш на Фејсбук.
Неодамна во изјава за медиумите откри дека не е сам, а сега за прв пат е фатен со новата партнерка.
Колку уживаат во љубовта говори и тоа што врската ја подигнаа на повисоко ниво, со оглед на тоа што познатиот рокер се всели кај својата избраничка, која не ѝ е позната на јавноста, а едно е сигурно – на љубовен фронт , им цветаат рози, објави српски Курир со снимка од славниот музичар и неговата партнерка.