Авичи имал син

Шведскиот музичар и продуцент Авичи кој беше пронајден мртов на 20-ти април годинава речиси и да не излегува од центарот на вниманието овие денови.

Овој пат откако во јавноста се огласија двете поранешни девојки на музичарот, се огласи и третата девојка со која пејачот бил во врска.

Се работи за Тереза Качерова која по професија е модел со која Авичи бил во голема љубов, но тајна.

avici7-830x0

Тереза на Инстаграм ги шокираше сите откако објави отворено писмо во кое открива дека планирале заеднички деца заедно со Авичи. Таа во писмото пишува и за времето кое го поминале заедно, како и тоа дека тој му бил очув на нејзиниот син Лукас.

-Драг Авичи овие денови ги поминав обидувајќи се да се разбудам и чекајќи некој да ми одговори дека ова е шега и грозна грешка. Мислам дека сега знам дека веќе никогаш нема да те видам, пишува Тереза во дел од писмото.

Таа во писмото вели и дека била посветена целиот период нивната љубов да ја држи во тајност бидејќи сакала да биде само нивна и никој да не учествува во нивната авантура.

-Те нарекував бебенце, ангел…Последните твои зборови што ми ги изговори беа „те сакам“ и тоа дека сакаш мексиканска кока кола.

Еве како изгледаа заедно!

avici9-830x0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e