Се сеќавате ли на пејачот Арчи или Златимир Аревски кој е сопственик на еден од најголемите хитови од пред дваесетина година – „Да пукнеш леле што ми направи“.
За жал Арчи беше кратко на македонската естрада. Тој веќе со години живее во Дубровник во Хрватска, а во Скопје може да го сретнете на кратко и тоа само во зимскиот период.
Е, токму тој Арчи од пред месец и половина стана татко на 59 години. Неговата сопруга од вториот брак му родила машко дете.
Златимир Аревски – Арчи еден од најмаркантните ликови на македонската музичка сцена. Во 90-тите беше еден од најпопуларните пејачи кај нас, кој зад себе остави многу хитови.