Анета Наковска се разведува?

Познатата фолк пејачка Анета Наковска покажа како ужива во топлите септемвриски денови и ги воодушеви сите.

Имено, таа и се препушти на магијата на убавото време и позираше во костим за капење во поприлично провокативно издание.

Пејачката покажа дека никогаш не изгледала подобро, но и се пофали со својот неодолив чоколаден тен.

Таа позираше во дводелен костим за капење преку кој носеше црвена наметка за плажа со детали зачинети со леопард дезен.
Во центарот на вниманието беа нејзините раскошни облини, но и нејзиниот занесен поглед со кој никого не остави рамнодушен.
Инаку, пејачката неодамна се најде во центарот на вниманието и по гласините дека се разведува од својот сопруг.
Но таа во интервју за Фокус ги демантираше овие гласини и откри дека ова не е прв пат да слуша вакви измислици за неа.
Таа тогаш исто така се огласи и преку социјалните мрежи каде се огради од сите невистини што некои зли јазици ги шират за неа.
Како што самата вели, нејзиниот емотивен живот никогаш не бил поисполнет, што се познава и по нејзините објави.
Таа веќе осум години е во среќна љубов со Спиро Крлевски, бизнисмен кој долги години живее и работи во Америка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e