Анџелина Џоли ќе ја отелотвори оперската дива Марија Калас во биографскиот филм „Марија“ во режија на Пабло Ларин, пренесува Word of Reel.
Филмот ќе ги следи бурните и трагични настани при крајот на животот на славната пејачка, а заплетот ќе биде сместен во Париз во 1970-тите.
Ова е трет биографски филм на Пабло Ларен, по Спенсер со Кристен Стјуарт во главната улога и Џеки со Натали Портман во главната улога. И двете актерки беа номинирани за Оскар за нивните улоги. Сценариото за филмот го напиша Стивен Најт, кој е познат по филмовите Spencer и Eastern Promises и серијата Peaky Blinders.
Снимањето на филмот треба да започне во октомври оваа година, а како што пишува Репортер, снимањето ќе се одвива во Будимпешта, каде Џоли пред 13 години го режираше филмот „Во земјата на крвта и медот“.