Анџелина Џоли со емотивна објава за мајка си која почина од рак

Мајката на Анџелина Џоли, Маршелин Бертан починала од рак во 2007 година, а актерката вчера на Инстаграм објави емотивна порака посветена на неа.

Пораката е придружена со заедничка фотографија направена кога Анџелина била девојче.

Утре би бил 73. роденден на мојата мајка. Почина пред 15 години, по долгата борба со ракот на дојка и јајници. Во јули ме дели еден месец од годината во која ми беше дијагностициран рак. Имав превентивни операции за да го намалам ризикот, но и понатаму одам на прегледи.
Мојата мајка го сакаше Хендрикс. И секогаш своите писма ги потпишуваше со: „Kiss the Sky“. Откако почина, тоа доби ново значење. Им испраќам љубов на сите оние кои исто така ги загубиле саканите, а им испраќам и сила на тие што во моментов се борат за своите животи и животите на оние што ги сакаат – напишала актерката.

Маршелин Бертан ќерката Анџелина ја добила од бракот со актерот Џон Војт, а во тој брак, кој траел од 1971 година до 1980 година, го добиле и синот Џејмс Хевен. По разводот, Маршелин стапила во брак со Тим Бесамр.

Анџелина Џоли во 2013 година направи двојна масектомија поради ризикот од рак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e