Анастасија Ражнатовиќ тајно се омажила со Немања Гудељ во Шпанија?

Братучетката на Анастасија Ражнатовиќ, Хелена Оцокољиќ пред неколку дена го прослави своето полнолетство во ексклузивен ресторан во Белград, но на прославата не присуствуваше нејзината постара братучетка бидејќи не можеше да дојде во Србија.

Имено, како што откри Цеца Ражнатовиќ, Анастасија чека документи во Шпанија и додека не ја заврши бирократската процедура не може да ја напушти таа земја.

Оваа вест наиде на ентузијазам кај обожавателите на младата пејачка, бидејќи добро упатените тврдат дека за да добие шпанско државјанство, ќерката на Цеца морала да му го каже судбоносното „да“ на избраникот Немања Гудељ.

На Инстаграм, под најновите фотографии на Анастасија, можете да најдете прашања од типот дали се омажила со познатиот фудбалер и дали можеби е бремена штом толку многу ја забрзале процедурата за нејзиното преселување кај него во Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e