Пејачката Анастасија Ражњатовиќ гостуваше во емисија во која зборуваше за појавувањето во јавноста од мала и дека воопшто не и влијаат негативните коментари.
-Од мала сум актуелна за јавноста, така да ништо од ова не ми е ново. Ништо не се промени во однос на медиумите, се е исто. Само ми е драго што сега веќе имам своја професија, во смисла дека сега сум пејачка, веќе не сум ќерката на Цеца. Така да сега имам причина за да се појавувам во медиумите – истакнува атрактивната пејачка.
Иако пејачите после издавањето на песните брзаат да настапуваат и да промовираат нов сингл, Анастасија откри дека не брза, туку се доградува и во меѓувреме работи на втората песна.
-Несакав да ги бомбардирам луѓето со моето појавување во медиумите. Сметам дека песната ако е квалитетна секако ќе се слуша и без моето појавување. Така да јас не сум спремна да настапувам, туку сакам самата од себе да се соживее. Во меѓувреме се трудам да работам на себе, психички и физички- заврши Анастасија.