Ана и Раста го делат имотот, а еве колку ќе изнесува алиментацијата за ќерката Тара!

Српската пејачка Ана Николиќ и раперот Стефан Ѓуриќ Раста дефинитивно решија да му стават крај на бракот, поради што го посетија адвокатот за да се информираат околу бракоразводната парница.

Имено, славниот пар посетиле една адвокатска канцеларија во Белград каде се договориле околу сите детали, пренесува српски Курир.

„Успеаа да се договорат околу спогодбен развод со тоа што Ана ќе го превземе комплетно старателството врз малолетната ќерка Тара.“ – вели извор близок до парот, за еден српски магазин.

„Иако се шпекулираше дека поделбата на заедничкиот имот ќе мине без проблем, тие се договорија дека куќата која заеднички ја изградија ќе и припадне на Тара кога ќе порасне. Ана не сакаше ништо од парите на Раста туку само алиментација. Таа не сакаше да лицитира околу сумата туку му остави на Раста како татко да одлучи колку ќе плаќа. Кога тој излезе со предлог од 2000 евра месечно Ана не се побуни. Единствен услов на Раста бил да може да ја гледа ќерката Тара кога и да посака. На тоа не се противеше славната пејачка со оглед дека знае колку таткото ја сака малата Тара и обратно, таа него.

На двајцата им е најважно Тара безболно да мине низ ова и да ја добива љубовта и вниманието од двајцата родители:“ – открива изворот.

Како што пишуваат медиумите од регионот една од причините за распад на брачната заедница меѓу славниот пар е што се дознало дека раперот има стан  во регионот Врачар во кој живее периодов. Исто така на Раста му пречело што постојано се мета на папараците. Ана, како што наведуваат таблоидите, поради Раста ја стопирала кариерата, но планира по разводот активно да се посвети на музиката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e