Ана Ивановиќ искрено за мајчинството и третата бременост

Српската пензионирана тенисерка, Ана Ивановиќ, во следните неколку недели ќе стане мајка по трет пат. Таа во ексклузивното вклучување во емисијата „Кец на једанаест“ на телевизија К1, говореше за воспитувањето на децата, за успесите на Новак Ѓоковиќ

– Често се слушам себеси како ги повторувам речениците на моите родители. Се трудам децата да ги воспитувам во нашиот дух, бидејќи мислам дека нашето воспитување е поразлично од тоа во странство. Пораснав во семејство исполнето со љубов во кое родителите беа посветени на своите деца, и се трудиме и нашите деца да го почувствуваат тоа – изјави Ана, а потоа откри дали повеќе би сакала да добие момче или девојче.

– Најважно е да сме здрави и среќни. Навикнати сме на момчиња, така што би ни било полесно, а од друга страна би било убаво да имаме девојче, па ќе видиме, нè чека изненадување – додаде таа.

Ана Ивановиќ во 2016 година се повлече од тенисот на 29 години. Таа во разговор со Бошко Јаковљевиќ и Александра Јефтановиќ откри дека планира да се врати на теренот.

– Ми недостига кога ги гледам пријателите како играат на некои големи турнири и ми недостасуваат таквите натпревари, но од друга страна сум среќна и исполнета. Во моментов, не можам да го замислам животот поинаку. Сигурна сум дека во иднина, во некоја форма ќе се вратам на теренот – изјави Ана и се осврна на историскиот успех на Новак Ѓоковиќ, кој од пред неколку дена повторно е најдобриот тенисер во светот.

Поранешната тенисерка смета дека Ноле ги постигнал сите успеси, додека неговиот ривал Карлос Алкараз треба уште да се докажува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e