Aлександра Накова прозборе за односот со екс сопругот и ќеркичката Леа

Манекенката Александра Накова периодов е доста актуелна на социјалните мрежи каде што секојдневно објавува нови и провокативни фотографии.
Освен што позира за Инстаграм и Фејсбук, Накова се појави и во новото видео на момците од составот „Балкан бенд“ за темата „Лутка“, а неодамна во едно интервју за „Бекстејџ“ зборуваше и за својот приватен живот, но и односот со поранешниот сопруг со кого ја има ќерката Леа.
„Останавме во добри односи, Леа е на прво место. Старателството ни е поделено, малку е кај него, а малку кај мене“, откри тогаш Накова.
Исто така призна и дека често добива казни за погрешно паркирање и секој трет ден води „војна“ со пајак службата во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e