Славната убавица Адриана Лима објави разголени фотографии од книгата „Angels Limited Edition“ која ќе се продава на уметничкиот саем во Бразил. Целиот приход ќе биде насочен кон фондот за спасување на Амазонија.
38-годишната убавица вети дека и самата ќе донира пари без разлика од продажбата на книгата. Со порака и попратни линкови Лима објави и две фотографии и му се заблагодари на фотографот Расел Џејмс за идејата.