Малиот детаљ на нејзината раката ги збуни нејзините обожаватели на социјалните мрежи (фото)
Адел со најновите фотографии ги подгреа сомнежите дека се омажила.
Пејачката Адел и нејзиното момче Рич Поло неодамна се фотографирани со комичарот Кевин Харт и неговата сопруга Енико. Двата славни пара се запознале на настан организиран од брендот луксузни часовници „Audemars Piguet“ во САД. Фановите беа воодушевени од изгледот на Адел за кој таа доби низа пофалби.
Пејачката Адел и спортскиот агент Рич Поло почнаа да се забавуваат минатото лето, а во мај ја купија и поранешната палата на актерот Силвестер Сталоне во Беверли Хилс. Нејзините обожаватели честопати прашуваа дали пејачката можеби повторно се омажила. Случајност или не, вештото око на папараците не го пропушти златниот прстен на домалиот прст на пејачката, за кој постои сомневање дека е венчален прстен. Со тоа дополнително ги подгреа сомнежите во врска со шпекулациите кои кружеа летово дека пејачката се омажила во тајност.
Адел беше во брак со Сајмон Конецки и од тој брак има син. По разводот, во медиумите оддекна нејзината врска со Рич, па таа призна дека за сегашниот партнер има само пофални зборови.
– Никогаш не сум била толку заљубена. Опседната сум со него – призна Адел за магазинот Elle.