Дарко Лазиќ веќе со денови се соочува со сериозна апстиненцијална криза поради што секојдневно ќе мора да разговара со психијатар. Откако лекарите го разбудиле од вештачката кома тој постојано бара наркотици, бидејќи како што наведува, ни физички ни психички не може да издржи без нив ниту еден ден.
„Ситуацијата на Дарко колку толку сега е стабилна, она најлошото и најтешкото помина. Ја издржа операцијата на колкот, ги надмина големите и малите здравствени кризи кои му се случија откако беше примен во болница, но најтешката битка му претстои сега. Тој не престанува да ги моли лекарите и медицинскиот персонал да му обезбедат барем најмала доза наркотици бидејќи трпи неподносливи физички и психички напади.
Дарко минува низ длабока депресија бидејќи сфаќа што им направил на родителите, на ќерката Лорена, на бившата сопруга Ана Севиќ какои на вереницата Марина… Почнаа да му се појвуваа ирационални стравови, се плаши дека никогаш нема да може да функционира нормално без дрога и дека никогаш нема да го пронајде животното задоволство, но стручните лица од психијатријата упорно работат со него. Ќе му бидат потребни неколку седмици за да во потполност се откаже од зависноста од наркотици, а потоа ќе мора цел живот да се труди да остане далку од овој порок. Лекарите велат сите ови нешта ќе нормални за апстенцијалната криза.