Пејачката Лепа Брена деновиве ги промовира двата закажани концерти во „Штарк-арена“ во Белград и секојдневно гостува во емисии, но има и проби со својот бенд и кореографите. Српските медиуми пишуваат дека пејачката е на строга диета, но и дека започнала со тренинзи за да ја одржува кондицијата.
Сите се заслужни, и диетата и тренингот. Морам да признам дека јогата секогаш ми дава правилен став на телото, ми дава душевна релаксација, полесно дишам и функционирам“, вели Брена и додава:
Јас никогаш не сум одржувала концерти така што ќе излезам на сцена и само ќе пеам. Сакам тоа да биде светска забава на мој начин!“.
Инаку, по повод 35 години кариера, Брена ќе одржи два концерти во Белград, а на 15 декември ќе одржи концерт и во Скопје.