7 месеци по смртта на сопругот, Николина проговори за новата љубов

Водителката Николина Пишек во мај годинава го загуби сопругот Видоје Ристовиќ, кој ненадејно почина на 44-годишна возраст. И наместо да се грижи за ќерката Уна Софија која го загуби татка си, убавата водителка мораше да се пресмета со свекорот, кој не пропушта можност да ја оцрни снаата во медиумите.

Покрај написите за конфликтот со Миша Гроф, во медиумите се појавија и наслови за тоа кој би можел да биде новиот партнер на Николина Пишек.


Сепак, водителката во едно неодамнешно интервју истакна дека љубовта е насекаде околу неа, но дека се’ уште не е подготвена да се заљуби во маж.

Верувам, љубовта ја чувствувам секој ден. Од моите ќерки, семејството, пријателите, миленичињата, до добрите луѓе… Љубовта има сто форми и безброј начини на кои може да се изрази. Што се однесува до љубовта кон мажот, не сум подготвена да одговорам на тоа во моментов. Дефинитивно верувам во љубов, бидејќи ако не верувате во љубов, која е поентата на се’ – изјави таа за порталот „Ало“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e