Зоран Заев во однос на сите останати политички лидери во земјава е ТИТО!
Единствен што го спои народот и Македонија онаква каква што е. Покажа дека е без предрасуди и ги разби стереотипите на многумина. Знаејќи дека ќе загуби број гласови од свој двор на гласачи кога влезе во дворот на оние во кое најсилно го користеа народот со ширење национализам. Им покажа дека “шиптарите” и ” каурите” можат да живеат и работат заедно во оваа наша мала земја. Албанците и албанските лидери треба да имаат голема почит кон Зоран Заев и тоа што овој човек отвори многу прашања кои ги мачеа граѓаните со Албанска националност. Патриотизам е да си ја сакаш државата и народот кој живее во неа. Со тоа што им влезе во ” забранета зона” на политичко делување им покажа на сите а најмногу на Никола Груевски и ДПМНЕ дека заврши времето на лидери кои за сопствени интереси и цели секогаш им одговараше поделен народ. НАРОД кој можеше лесно да го запалиш со ширење омраза и национализам.
Албанските партии кои договараат коалиција со СДСМ не треба само да ги дадат мандатите и да формираат влада , туку час поскоро да се фатат за работа кон возот што носи промени за подобар живот. Да ги отворат очите и да видат дека пред себе имаат европски човек кој покажа на дело дека е широк и различен од стереотипите кои изминативе години ја водеа државава и на кој може да му се верува. Ако вие навистина ја сакате Македонија и посакувате Европска и НАТО перспектива, имате само една опција. Секоја друга опција за вас е пораз, и се надевам дека сте и самите свесни за тоа.
Сефер Цановски